Дионтеј Вајлдер ја заштити светската титула во бокс во тешка категорија на WBC (Светскиот боксерски совет).
Американецот го победи сонародникот Крис Ареола во 8-тиот круг,кој требаше да го брани појасот против Александар Поветкин во Москва на 21 мај, но средбата беше поништена, откако Русинот даде позитивен допинг примерок.
Вајлдер ја одбрани титулата за 4-ти пат, а неговата победа над Ареола беше 37-ца од 37 натпревари во рингот. По натпреварот шампионот беше однесен во болница поради утврдено кршење и кинење на мускулот на десната рака.
