(ВИДЕО) Вакво нешто не сте виделе – шеик вози џиновски „Хамер“

од Vladimir Zorba
413 прегледи

Шеикот Хамад бин Хамдан е член на владејачкото семејство на Абу Даби, еден од Обединетите Арапски Емирати. Сепак, тоа не е единственото нешто што го прави познат во светот. Тој е сопственик на најчудната колекција на автомобили во која има повеќе од 200 возила, а го вози и најголемиот Hummer H1 во светот.

На социјалните мрежи кружи снимка од џиновско возило, чија големина најдобро ја илустрира „обичниот“ Хамер паркиран до него. Хамад се повози со својот миленик, кој е долг ни помалку од 14 метри, широк шест метри и исто толку висок, предизвикувајќи чудење кај минувачите.

Инаку, овој колекционер на автомобили е познат и како „Виножито Шеик“, преведено како „шеик на боите на виножитото“, а прекарот наводно го добил од колекција од седум Mercedes SEL обоени во различни бои на виножитото, пишува британски портал.

Сепак, најмногу внимание привлекува гигантот Хамер, во кој се влегува по скали, а покрај неколку спални соби и тоалети, има и гостинска соба со поглед од 360 степени.

Изграден на рамката на амфибиското товарно возило со челична лушпа LARC-LX на американската армија, се напојува со четири дизел мотори, по еден за секое тркало.

Неговата завидна колекција на возила вклучува и неколку стари Mini Cooper и копии на Benz Patent Motorwagen од 1885 година.

Се вели дека богатството на шеикот е слично на богатството на саудискиот крал со нето богатство проценето на 20 милијарди долари. Парите на Хамад наводно доаѓаат од контролата на неговото семејство врз нафтените полиња во Абу Даби.

Инаку, заедно со раскошното прикажување на богатството, тој стана познат филантроп во медицината. Тој донираше комплетна операциона сала за камења во бубрегот на јавна болница во Мароко каде што продолжува да го финансира нејзиниот персонал.

Слични содржини