Почина шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, ОАЕ прогласија тридневна жалост

од Stefanija Kuzmanovska

Шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, брат на претседателот на Обединетите Арапски Емирати, почина утринава, објави државната новинска агенција ВАМ.

„Претседателот на ОАЕ, неговото височество шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, го оплакува својот брат, шеикот Саид бин Зајед Ал Нахјан, претставникот на владетелот на Абу Даби. Шеикот Саид, кој страдаше од здравствени проблеми, почина денеска“, се вели во официјалното соопштение.

ОАЕ прогласија почеток на тридневна жалост, за време на која знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Саид бин Зајед Ал Нахјан е роден во 1965 година во Ал Аин, а во јуни 2010 година беше назначен за потсекретар на Одделот за планирање во Абу Даби. Тој беше претседател на Управата за поморски пристаништа на Абу Даби.

Слични содржини