Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ги изиграат сопствените закони, изјави белгискиот експерт, Питер Ванхауте, откако преговорите за изборен законик беа прекинати поради одлуката на Совет за јавни обвинители да го преполови тимот на Катица Јанева-изјави олеснувачот Питер Ван Хауте за А1он.
Како што рече тој, со одлуката е прекршен законот за специјално јавно обвинителство кој партиите претходно го договорија.
-Договорот и законот предвидуваат таа да ги добие сите ресурси, финансии и персонал кои ќе ги побара и ќе треба да претстави само план. Очигледно овој принцип не е испочитуван и затоа некои од партиите решија да ги напуштат преговорите. Мислам дека сите треба да ги почитуваат постигнатите закони, ова беше договорено во работните групи, ова беше регулирано со законот договорен од четирите партии. Многу е тажно што некои луѓе мислат дека можат да ја изиграат сопствената легислатива – изјави Ванхауте откако СДСМ ги прекина преговорите.
Повеќе ТУКА
