На завршувањето на долгите разговори во Пржино, олеснувачот на преговорите Питер Ванхауте рече дека е скептичн за функционалноста на ДИК и дека според него професионалци треба да се справуваат со овие проблеми со цел правилно организирани избори, пренесе А1он.
Тој вели дека ќе разгледуваат што опозицијата ќе прави во наредните денови и ќе го продолжат дијалогот со нив, се со цел да ги вратат на преговарачка маса.
– Во следните недели ќе продолжиме да се обидеме да работиме, особено на приоритетните проблеми. Ќе дадеме се од себе за да достигнеме договор за овие проблеми, рече Ванхауте.
Интегрална изјава Заев :Не одиме на вакви избори договорите пропаднаа!
Ванхауте рече дека ќе го следат и проблемот со изборите се додека не бидат сигурни дека ако дојде до избори тоа ќе биде на најсоодветен начин.