(ВИДЕО) Велјаноски и Џафери најавуваат свикување на Собранието

од Vladimir Zorba
147 прегледи
Кој ќе  свика седница и кој ќе седне прв на спикерското столче во Собранието на новото продолжение на собраниската седница?
Новоизбраниот претседател на Парламентот Талат Џафери денеска ја даде првата изјава во Собранието кое што за прв пат ги отвори вратите по насилствата од крвавиот четврток, информира Телевизија 24.
На првиот работен ден како претседател Џафери и лично  ги прими  честитките и подршката од Стејт департментот преку високиот претставниик Хојт Брајан Ји. Порача – ќе биде претседател на сите пратеници и ќе работи за  интересите на сите граѓани.
„Ќе се потрудам да бидам сеопфатен претседател на сите пратеници во Собранието без огледана нивната етничка или политичка припадност, без оглед како се изјасниле за изборот на претседател. “ – изјави Џафери.
Од друга страна доскорешниот претседавач со законодавниот дом, Трајко Вељаноски најави дека нема да го отстапи  највисокото собраниско столче бидејќи бил прекршен уставот и деловникот. Во интервју за Сител рече дека  и тој ќе свика седница откако ќе се расчисти хаосот кој зад себе го оставија насилниците кои неколку часа дивееја и кршеа во Собранието.
„Има 4-5 изборни места каде што се уништени места за пријавување, зборување и гласање. Штом ќе се поправи јас како претседавач, ќе одлучам и ќе закажам продолжение на седницата.“ – изјави Вељаноски.
Новиот собраниски спикер повика што побрзо да се заборават настаните од 27 април, а веќе од утре ќе се обиде да го стави во функција Собранието и тоа да почне со работа./извор ТВ24