
Венецуелскиот претседател Николас Мадуро прогласи победа во името на револуцијата по гласањето во земјата во текот на кои се одржуваа и при протести, по кои загинаа 10 лица. Насилството што го зафати земјата во неделата, откако и претседателот Мадуро доби на своја адреса меѓународна осуда, тој сепак закажа и одржа избори за новото “Уставно собрание”. Властите подоцна објавија “исклучителен одѕив”, од над осум милиони избирачи или 41,5% од граѓаните со право на глас кои излегоа на избирачките места. Претседателот веднаш ги објави бројките како победа на изборите.
Во говорот пред илјадници поддржувачи во центарот на главниот град Каракас Мадуро изјави: “Имаме Уставотворно собрание. Ова е најголемото гласање во 18-годишната историја на револуцијата “, мислејќи на датумот на кој неговиот покоен ментор Хуго Чавез дојде на власт. Во меѓувреме опозицијата вети дека ќе продолжи да протестира дури и по изборите, кои ги опиша како обид за препишување на уставот.
Десет лица беа убиени вчера за време на протестите. Демонстрантите ги нападнаа и избирачки места и поставија барикади на улиците низ целата земја. Ова ги натера силите на редот да реагираат многу цврсто, така што на места беа искористени воена муниција.
Опозицијата е незадоволна, бидејќи новото Уставотворно собрание ќе го распушти контролираниот од неа конгрес и ќе го преработи уставот на земјата. Изборите за новото Уставотворно собрание беа осудени од САД, Мексико, Бразил, ЕУ, Канада, Аргентина и Колумбија.
Некои од земјите дури се заканија дека ќе воведат санкции ако гласањето се одржи. Опозицискиот лидер Хенрик Каприлес ги повика Венецуелците да продолжатт да се спротивставуваат на Мадуро со нови протести. Според него, гласањето бил фалсификувано. “Него признаваме оваа лажен процес”, рече тој.