(ВИДЕО) Весна Петрушевска призна згрешив- „Не ми е јасно“ беше платена политичка програма на власта

од Vladimir Zorba
75 прегледи

Во емисијата „Отворено“ каде тема беше политичката сатира, актерката Весна Бејби Петрушевска одговараше на прашање за нејзиниот ангажман на Сител телевизија, пред неколку години, кога ја водеше емисијата „Не ми е јасно“, каде ја исмеваше опозицијата.

Видеото започнува на прашањето до Петрушевска:

– Не беше моја авторска емисија, туку платена политичка програма, добивав текст кој што јас само го говорев. Го прифатив како задача, од почеток до крај. Доаѓав, го читав текстот и си одев. Имаше моменти каде што навистина не се сложував со нешто и се борев, имаше текст за некого да навредите, само колку да навредите. Во суштина тоа што беше нешто што не би го направила никогаш повторно. Секој има право на грешки во кариерата, и јас навистина го сметам тоа за моја грешка – рече Петрушевска.

Најчеста мета на емисијата „Не ми е јасно“ беа опозицискиот СДСМ, А1 телевизија и нејзиниот сопственик, Велија Рамковски. Емисијата започна да се емитува неколку месеци по „На рапорт со Јофе“, на А1 телевизија, а заврши со затворањето на А1 телевизија, со што се дополни впечатокот дека целта на емисијата била да и контрира на, во тоа време, најгледаната А1 телевизија и емисијата на Јофе.

Со сегашното признание на Петрушевска, дознаваме дека емисијата воопшто не била на Сител, туку платена политича програма, најверојатно на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, како дел од војната против опозицијата во пресрет на парламентарните избори во 2011 и походот за затворање на А1 телевизија.