На вежбовниот полигон и стрелиште „Стенковец“ од вчера па до 8 мај во вечерните часови ќе се изведува обука на армиските единици во склоп на која ќе се користат вежбовни артифиции, информира Министерството за одбрана (МО).
„За време на изведување на планираните активности во склоп на обуката, во одредени периоди ќе се слушаат истрели од вежбовна муниција и други вежбовни средства, а ќе има и зачестено движење на воени возила, додека во утринските часови на ден 6 мај ќе има и активности во воздух“, соопшти МО.
„Согласно процедурите, со наведената активност се запознаени и надлежните институции на територијата на град Скопје“, потенцираат од МО.
Воедно, во недела на 8 мај, на спортскиот аеродром „Стенковец“ ќе има и Отворен ден за приказ на воздухопловите кои ги поседува македонската армија.