Дизајнерката скокна во изненадувачки дует со Мел Си.

Викторија Бекам беше категорична дека Spice Girls е затворена страница во нејзиниот животот, но изгледа минатото сепак ја исполнува со носталгија и таа ги изневери своите зборови. Новата година дизајнерката ја пречека на Малдивите каде славеше со поранешната колешка од женската поп формација Мел Си. Понесена од забавата, г-ѓа Бекам не се задржа и го грабна микрофонот.
Двете ѕвезди исполнија еден од хитови на Spice Girls – баладата “2 Become„
1 . Иницијативата ја отпочна Мел, која прва го пееше парчето и “замоли за помош” и ја повика на сцената да дојде Викторија. Двете се здружија и го испеаја хитот од средината на 90-тите.
За жал, сепак, тоа не значи дека г-ѓа Бекам планира да ја обнови својата кариера на пејачка. Останатите дами од Spice Girls веќе многупати изјавија дека таа ги одбила да се вклучи во концертот на групата, со кој ќе се прослави 20-годишнината од создавањето на групата.
Гери, Мел Би, Мел Си и Ема признаа дека не и се лутат на Викторија што ги одби и сфаќаат колку е зафатена со развојот на модната империја. Тие додадоа дека сите остануваат пријателки и секогаш ќе се поддржуваат.