(ВИДEO) Виндоус 10 ќе покажува каде се наоѓаат нашите пријатели

од Vladimir Zorba
87 прегледи
Новата мобилна платформа на Мајкрософт ќе има важно значење за влијанието на компанијата во глобалниот пазар на паметни телефони и таблети. Компанијата развива интересна функција која се нарекува „Пипл Сенс“ (People Sense) и е основана со идејата да ни олесни максимално во локализирањето на нашите пријатели во секој момент. Во голема мера можеме да кажеме дека таа функционира идентичен начин на услугата „Фајнд Мај Френдс“ (Find My Friends) на Епл.microsoft_people_sense_microsoft_place
Новата опција е базирана на Бинг мапите и ќе ви овозможи само со неколку клика да ја гледате локацијата на која се наоѓаат вашите пријатели. Мајкрософт предвиделе и дополнителни функции, со кои можете директно од апликацијата да се јавите по телефон или да испратите кратка порака до оној кој сакате. „Пипл Сенс“ исто така ќе ви го покажува и најкраткиот пат преку кој ќе стигнете до своите пријатели, во зависност од нивната локација.
Во моментов оваа функционалност се уште се наоѓа во бета фаза на развој, но се очекува да биде дел од финалната верзија на Виндоус 10 запаметни телефони.