![]()
Стотици граѓани преку мирен марш ќе го изразат своето незадоволство од како што велат “прифаќањето на албанската платформа од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев“, информира а1он.
Актерот Владо Јовановски повика на мирен протест и порача дека не може да се убие идејата за Македонија како и душата на граѓаните.
– Јас сум овде затоа што станува збор за мојата татковина, затоа што станува збор за зачувување и одбрана на унитарноста на Република Македонија и пред се на македонскиот јазик кој е корен за нашиот опстанок и идентитет. Ова е можеби само почеток, овие луѓе што овде се собрани имаат јуначко срце затоа што татковината не се брани со продажба на државните интереси туку со душа срце и љубов, рече Јовановски.
Граѓаните ќе маршираат од пред Влада до Собранието.