ВИДЕО: Влегла во кафулето со кутија која подоцна експлодирала – Што знаеме за Дарија Трепова?

од Stefanija Kuzmanovska
332 прегледи

Руските безбедносни сили трагаат по Дарија Трепова, жителка на Санкт Петербург, осомничена за убиство на пропагандистот Владлен Татарски.

Иако претходно „Интерфакс“ повикувајќи се на информиран извор, објави дека Дарија Трепова родена 1997 година, која е осомничена за убиството на Татарски, била приведена, повеќе руски медиуми известуваат дека таа е моментално во бегство.

Според анонимни извори на кои се повикуваат медиумите, истражителите веруваат дека Трепова во кафулето донела кутија со биста на Татарски, во која имало експлозивна направа.

„Таа веќе ѝ беше позната на полицијата, бидејќи беше приведе на пацифистичкиот протест на 24 февруари минатата година“, пишува „Фонтанка“. „Потоа добила 10-дневен притвор, додека на нејзиниот сопруг му бил одреден притвор од девет дена поради носење транспарент, а сега му се губи трага“.

„Фонтанка“ објави и фотографии кои ги доставил еден од учесниците на собирот на кои се гледа млада жена за која се верува дека му ја дала статуетката на Татарски.

На апликацијата Телеграм се појавија видеа на кои се гледа како лице му ја подава статуетката во кафуле, но се уште не е официјално потврдено дали таа навистина содржела експлозив.

Полицијата го пребарала станот на Дарија во Пушкин, градски округ во Санкт Петербург, но таму не ја пронашле бараната девојка. Безбедносните сили ја изнеле нејзината мајка од станот, пишува рускиот портал.

Слични содржини