(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ не дава, а СДСМ ќе дава поголеми плати за судската администрација и флексибилно раб. време од 7:30 ч.

од desk3
109 прегледи

Насилничкиот однос на ВМРО-ДПМНЕ кон судската администрација е исклучиво во одбрана на партизираното судство и интесресите на злостроничкото здружување во врвот на оваа партија.

Наместо да излезе во пресрет на оправданите барања на судската амдинистрација власта се обидува да ги казни вработените со намалување на платите за дури 60 отсто.

Не може кон вработените во Судот да се применува Законот само кога се во прашање нивните обврски а да не се применува кога се во прашање нивните права.

9910-P.Shilegov

Зошто вака ревносно не се применува Законот во делот што се однесува на обука на судските службеници?

Зошто вака ревносно не се заложат за минимално подобрување на условите за работа?

Законот треба да се применува целосно а не селективно.

Покачувањето на платите на 35% се однесуваше само на судиите и јавните ибвинители но не и на судската администрација.

На овие луѓе не им беа покачени платите иако нормата на сработени предмети им се зголеми за над 95 отсто.

Заради ваквата селективност и насилничко однесување кон вработените во судството, судиите и јавните обвинители, целиот правосуден систем во Македонија е на најниско можно ниво.

Срушениот правосуден систем беше причина за формирање на Специјалното јавно обвинителство.

Срушениот правосуден систем е причина за формирање и на посебно одделение на Кривичниот суд.

Само независно, непристрасно и ефикасно судство може да создаде амбиент на почитување на човековите права и еднаквост на сите граѓани пред уставот, законите и институциите.

По демократските промени, по победата на СДСМ, една од целите на новата влада ќе биде обезбедување правна сигурност преку еднообразна примена на законите и подобрување на условите за работа на судската амдинистрација.

СДСМ се обврзува по промените да ги зголеми платите на судската администрација а ќе воведе и флексибилно работно време што ќе започнува од 7:30 часот.

Судството во Македонија мора и ќе биде независна трета власт. Судството нема да зависи од партиите туку ќе го штити законот, правата на граѓаните и уставниот поредок.