Во Вестминстерската опатија осуммина внуци на кралицата Елизабета бдееја покрај нејзиниот ковчег.
Вилијам носеше сина лента, додека другите внуци, вклучувајќи ги принцезите Беатрис и Евгенија, Зара Тиндал и Питер Филипс и Лејди Луиз Виндзор и Џејмс, Виконт Северн носеа црно. Принцот Хари сепак ја носеше униформата и покрај претходните известувања дека тоа нема да му биде дозволено бидејќи се откажал од титулите. Заедно одржаа церемонија традиционално позната како бдение на принцовите.
На бдението дојдоа и принцот Едвард и неговата сопруга Софи, Ерлот и грофицата од Весекс.
Имено, ова е првпат во историјата внуци на монарх да вршат Бдение на принцовите, пишува Би-Би-Си. На бдението досега можеле да учествуваат само синовите. За прв пат е спроведено во 1936 година по смртта на Џорџ V, кога неговите четири сина, кралот Едвард VIII, принцот Алберт и принцовите Хенри и Џорџ, стоеја околу четирите страни на ковчегот на нивниот татко во Вестминстерската опатија.
Во понеделник, на 19 септември, ќе следи официјалниот погреб на кралицата Елизабета, која почина на 97-годишна возраст. Ковчегот ќе биде однесен во Вестминстерската опатија во текот на утрото. На официјалниот дел од погребот ќе присуствуваат членовите на нејзиното семејство и британските и светски лидери.
По погребната церемонија, ковчегот ќе биде пренесен во замокот Виндзор, односно во капелата Сент Џорџ, каде ќе биде нејзиното последно почивалиште на кралицата.