Во кинескиот град Цинхуандао почнуваат испитувања на новиот вид превоз на патници – аероавтобус, подобро познат како ТЕВ-1 “портал автобус”, објави централната кинеска телевизија, цитирана од агенциите.
Тој ќе ги ублажи патиштата во големите градови од метеж и ќе го зголеми протокот на патници.

Автобусот е со П-облик конструкција, се движи по шини. Патнички салон е со повеќе од 2 метри висина, а автобусот ќе е висок 4,8 метри, долг 22 метри, а во ширина 7,8 метри. Два реда автомобили ќе можат да минуваат под него.
Автобусот има 300 места, а на 55 од нив се седи. За автобусот нема да се обезбедува посебна лента за движење.
Една од предностите на на аеробусот е дека ќе се движи со електромотори, што пак ќе го намали загадувањето.
https://youtu.be/APybYjcm_j4