ВИДЕО: Во Норвешка делумно се урна брана како последица од поплавите

од Stefanija Kuzmanovska
387 прегледи

Делови од источна и централна Норвешка сè уште се во црвена тревога бидејќи земјата се бори со широко распространети поплави и лизгање на земјиштето.

Брана во Норвешка делумно се урна бидејќи земјата се бори со рекордно високо ниво на речен водостој, поплави и лизгање на земјиштето по фаталното невреме, пренесува „Гардијан“.

Хаосот настана по силната бура – наречена Ханс – што предизвика хаос низ северна Европа во последните денови и ја остави јужна Норвешка во криза по големите поплави и лизгање на земјиштето. Се очекува нивото на реките да продолжи да расте до четврток.

Сите главни патишта меѓу Осло и Трондхајм беа затворени денеска.

Пал Ерик Тајген, началник на персоналот во полициската област Инландет, рече дека неговите сили ја надгледувале браната Браскереидфос и работеле со сопственикот на електраната, Хафслунд Еко.

„Имаме многу одрони насекаде, имаме домови кои се уништени, евакуирани многу луѓе, сите патишта се затворени и сите реки се излеваат. Тоа е голема криза за нас. Никогаш не сум видел такво нешто“, додаде тој.

Хафслунд рече дека дефектот во Браскерајдфос резултирал со навлегување на вода во електраната, која се состои од две големи турбини и брана.

„Има големи количества вода во Глама како резултат на бурата Ханс и се разгледани неколку различни мерки за да се осигура дека водата ќе се пренасочи покрај електраната, вклучително и минирање. Во моментов се смета дека не треба да се разнесе.

 

Внимателно ја следиме ситуацијата и ги разгледуваме тековните мерки во соработка со полицијата и одбраната на лице место“.

Слични содржини