Имигрант од Еритреја беше пронајден како се крие во куфер откако ги преплашил патниците во воз, откако слушнале стенкања од зоната за багаж додека возот влегол во Швајцарија. Мажот влегол во куфер на свој пријател и бил качен на воз во Милано. 45-минутна непријатност сепак бил преголема и имигрантот бил фатен на швајцарско-италијанската граница.

Загрижените патници им сигнализирале локалните власти за чудниот багаж и тие го провелириле на една од станиците. За чудење на швајцарските вработени, од куферот излегол човек. Неговиот пријател бил откриен како се крие во тоалетот на возот, пишува Дејли мејл. Мажот, кој патувал без документи, биз испратен назад во Италија. Според италијанските власти двајцата еритрејци сакале да патуваат на север – до Велика Британија.