216
Во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија се одржува 16-та седница на Советот за безбедност. На дневен ред на седницата е модифицираниот предлог на француското претседателство со ЕУ за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија.
-Во тек е седница на Советот за безбедност. Разговараме за модифицираниот предлог на француското претседателство за почеток на пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, напиша на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.