
Демонстранти војници се тепаа со полицајци во центарот на Брисел, пренесе АФП. Околу 8500 вработени на белгиската армија излегоа вчера по улиците на градот, за да го искажат своето незадоволство од пензиска реформа, планирана од кабинетот на Шарл Мишел.
https://youtu.be/l6SM-Vm8tqM
Владата планира да ја зголеми возраста за пензионирање од 56 на 63 години и намалување на парите кои се издаваат на војниците при заминувањето на работа. Полицајци фрлаа шок и димни бомби, а полицајците одговорија со водени топови.