278
Возач кој вчера излетал од коловозот во Нови Сад повредил четворица тинејџери, од кои тројца се малолетни, а една е девојка, објави порталот „021.рс“.
Според неофицијални информации, несреќата се случила кога возачот на автомобилот излетал од патот и налетал на група млади луѓе на автобуска станица на улицата „Темеринска“ во српскиот град.
Шеснаесетгодишно девојче е повредено и пренесено во Детската болница на операција, 17-годишно момче се здобило со сериозни политрауматски повреди и е донесено во Детската болница во свесна состојба, каде што е лекувано и друго 17-годишно момче, според порталот.
Повредено е и 19-годишно момче, кое е префрлен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, во свесна состојба.