(ВИДЕО) Вселенската роботизирана ракавица ќе помага на Земјата

од desk3
134 прегледи

Роботската ракавица, која првично била наменета за користење на Меѓународната вселенска станица (МВС) доби лиценца за користење на земјата, каде што може да помага во работата на индустриските работници. Развиена заеднички од General Motors (GM) и НАСА, RoboGlove е дизајнирана да му обезбеди на корисникот дополнителна сила при зафат.

RoboGlove користи повеќе сензори, тетиви и активатори кои ги имитираат мускулите, нервите и тетивите на човечката рака. RoboGlove е резултат на деветгодишна соработка меѓу GM и NASA, која вклучуваше испраќање на Robonaut 2 (R2) во вселената во 2011 година. Технологијата од R2, кој беше потребна за да работи со инструменти направени за луѓе, е вградена во RoboGlove.

Ракавица има сензори за притисок на прстите на рацете, а вештачките тетиви стегаат кога сензорите ќе откријат зафатно движење, држејќи ја раката на место, за да се намали напнатоста.

1468060484-sas

Во 2012, уште при изготвувањето на RoboGlove, НАСА зборува за тоа колку корисна може да е ракавицата, помагајќи им на корисниците, како во вселената, така и на земјата. Агенцијата наведува дека ако на еден работник во фабрика или астронаут на вселенска прошетка им е потребно да извршат околу 7-9 килограми притисок со користење алатка, тогаш технологијата во ракавица може да ја намали потребната сила до 2.3-4.5 кг.

GM сега сака да ги обезбеди придобивките од уредот на Земјата, а RoboGlove може да најде примена во голем број сфери, од производство до здравствена заштита. Пред некое време GM ја тестираше последната верзија на ракавица во фабриките, но наскоро ја обезбеди лиценцата на шведската компанија за медицински технологии Bioservo Technologies за понатамошен развој.

Компанијата ќе работи за усовршување на технологијата во RoboGlove, комбинирајќи ја со серво технологија , за да одговара на различни димензии раце. Планот на компанијата е да се развие уредот за да помага за индустриска употреба, овозможувајќи им на работниците да држат предмети за подолг временски период, без да доживуваат мускулен замор.

Ако се оди според планот, GM ќе го тестира уредот во фабриките и ќе биде првата компанија која ќе користи роботизирана ракавица. Ако се покаже успешна, ракавицата може да се користи за речиси сè, при што се бара помош или подобрување на способноста за стегање, вклучувајќи и при медицинска рехабилитација.