Косовски опозициски пратеник фрлил димни бомби за време на седница на парламентот во Косово, објавија локалните медиуми.
Димните бомби ја зачадила салата, како резултат на што една пратеничка изгубила свест и била префрлена во градската болница. Злосторникот е пратеникот Албин Курти од опозициската партија „Самоопределување“. Тој го извршил делото, откако парламентот решил да ја продолжи седницата што опозицијата се обидела да ја блокира.