Во предворје на вториот, пресуден изборен круг – партиските лидери се мобилизираат. Во Тетово, средба на коалициските партнери, претседателите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети. Лидерската започна по 18 часот, пренесе ТВ24.

Фер, демократски и кристално чисти избори в недела, исто како што беа во првиот круг. Ова е пораката од 40 минутната средба на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев и коалициониот партнер од ДУИ, Али Ахмети пред очите на јавноста во Тетово.
Куса средба во интерес на изборната кампања без доволно приватност а ниту време за суштински разговори.
Заев и Ахмети не одговорија дали на маса се најдоа и односите со третиот владин партнер, Зијадин Села. Заев само кусо порача дека локалните избори се различни од парламентарните, но дека села за својата коалиција ќе одговара пред гласачите.
На средбата беше и кандидадот за градоначалник на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, како и пратениците Артан Груби и Џеват Адеми и шефофите на изборните штабови на ДУИ и СДСМ, Фатмир Бесими и Миле Зечевиќ.