(Видео) Заев првата ноќ заедно во протестниот камп пред Владата

од Vladimir Zorba
82 прегледи

Големиот граѓански протест заврши од бината но продолжи во шаторите и кампот кој е поставен пред Владата на РМ

110555

 Дел од учесниците во денешниот масовен протест, продолжуваат  да го искажуваат својот револт од актуелната власт со кампување пред зградата на Владата.

По завршувањето на обраќањата на поголем број активисти, граѓани, интелектуалци, аналитичари, политичари, пред Владата беа поставени шатори, а наместо големата бина беше поставена помала сцена. Граѓаните кои остануваат во протестниот камп вечерва се забавуваа со културно-музичка програма.

20150517_212819

Меѓу нив е и претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој изјави дека ноќта ќе ја помине во еден од шаторите. Тој и граѓаните најавија дека протестниот камп ќе трае се додека премиерот Никола Груевски не си поднесе оставка.