Во оваа битка за подобра Македонија вие ми требате, заедно да ја водиме, за доброто на сите наши граѓани. Вашата поддршка ми дава сила. Заедно ќе победиме. Во 21 граѓаните на Тетово се соочуваат со недостаток на вода. Но, не е само тоа, огромна загаденост, лоша инфраструктура, сообраќаен и урбанистички хаос, запуштени спортски терени, депонијата. Голем дел од овие проблеми се решаваат со неколу споменици помалку, им порача вчера на тетовци, лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека активно опозицијата влегла во Собрание.
– Ги видовте пратениците како се борат за граѓаните. И ќе продолжат да се борат. Секоја трета недела ќе предлагаме сериозни закони за подобар живот на граѓаните. Знам дека и кога ќе го победиме Груевски нови проблеми се отвораат, поради урнатата економија и големата задолженост. Да бидеме заедно како народ, оваа битка заедно да ја туркаме. Јас сум поготвен да ја туркам до крај заедно со вас, за доброто на сите граѓани – истакна Заев.
Тој имаше можност да види руинирани спортски терени, оставени на забот на времето, со години заборавени од централната власт.
Младите тетовчани му порачаа на Заев дека се охрабрени од чекорите што ги превзема опозицијата и даваат силна поддршка за враќање на слободата, демократијата и правдата за сите граѓани.
Освен Тетово, Заев ги посети и Урвич, општина Боговиње, планинско село, на над 1.000 метри надморска висина. Жителите на Урвич масовно го пречекаа претседателот Заев пред локалната џамија. Љубопитни, но и задоволни што претседателот на СДСМ веднаш ја прифатил поканата да ги посети и да поразговара за нивните проблеми.
Со бројни маки на Заев му се пожалија и жителите на Јеловјане, оддалечено само околу 2 километри нема пат. Се патува долго, по пробиени земјени патеки полни со прав, дупки и големи камења. Жителите се револтирани од актуелната власт која ништо нема направено за ова населено место.

