Денеска имаме посебна чест да бидеме на местото коешто е душата, срцето на главниот град Скопје, било, ќе биде и секако, и денеска останува малку понижено и со наведната глава, но секако ја испраќа онаа суштина којашто секогаш Старата скопска чаршија ја имала за главниот град на нашата земја.
Разговараме денеска, генерално, за проблемите на занаетчиите, на угостителите, на еснафот. Старата скопска чаршија е едно огромно, културно, историско богатство. Една вредна традиција. Еден симбол на мултиетничноста, соживотот, соработката, трговијата, дејноста. Била од секогаш едно од местата коишто генерирале квалитетни работни места, за генерации, да ги наречам, мајстори, генерации помлади како калфите, чираците и секој ден се градело надеж на иднина за генерациите коишто доаѓале после сегашните генерации. Денес Старата скопска чаршија во неколку аспекти е понижена, со наведната глава. Не е местото коешто го заслужува. Денеска Старата скопска чаршија ја нема во делокругот на она што значи интерес на власта.
Разговаравме како во Македонија, само пред неколку години занаетчиството генерираше повеќе од 200 илјади работни места. Денес, 50 илјади занаетчии се тие кои живеат од оваа дејност. Сите знаеме дека овие политики на давање огромни државни субвенции кон странските компании треба да постојат, но не е фер према домашното стопанство пред сé, овој значаен дел на т.н. малите дејности. Голем дел од странските компании се овде додека постои државна помош, го црпат она што е возможност и бегаат понатаму надвор. Занаетчиите остануваат овде, даваат плати на нашите сограѓани, пари коишто се трошат понатаму за општествените текови. Тие се трајни придобивки и вредности. Ние мораме да ги афирмираме занаетите, да ги поддржиме директно, со нивните потреби, да ги заштитиме пред инспекциите коишто робусно, согласно брзите закони во Парламентот многу лесно казнуваат, а со тоа и затвораат цели дејности, цели објекти и луѓе остануваат без плати. Мораме да имаме разбирање заради тоа што предноста на оваа наша мала земја не се огромните корпорации. Вредноста на нашата земја се малите компании во коишто спаѓаат и малите дејности, како што е занаетчиството, а еден дел и угостителството, коешто е овде.
Разговаравме како туризмот од секогаш, во минатото во Скопје, тргнувал од Старата скопска чаршија. Ред е да продолжи таа традиција заради тоа што, ова богатство коешто го има овде е огромен репрезент на нашата посебност како Република Македонија.
Разговаравме за можноста за учество на здружението Еснаф, од Стара скопска чаршија, во парламентарните расправи, преку комисиите, директно да се вградат внатре и да учествуваат како практичари коишто се паталци од секојдневието, за да го подобрат законодавството.
Но, разговаравме и за она што, ние како политичари, можеме да го научиме од Старата скопска чаршија, да го вградиме во нашите изборни програми коишто претстојат во периодот што следи, за да си го дадеме ветувањето, а согласно тоа ветување, благодет да имаат граѓаните на Република Македонија.
Така да, имавме еден плоден состанок, од којшто, верувам, интерес ќе имаат само граѓаните на нашата земја.
Oдговори на новинарски прашања,
Медиуми: Господине Заев, специјалниот обвинител е избран, сега останува уште едно од клучните прашања во преговорите, тоа е изборниот модел. Останува ли СДСМ на претходниот став и како очекувате да биде исходот на преговорите во однос на ова прашање?
Заев: Остануваат многу значајни прашања за решавање. Секако, тука е изборното законодавство, Избирачкиот список, прашања коишто се отворени. Дел се решени, во делот на структурата на Државната изборна комисија. Голем дел е решен во делот на компетенциите или надлежностите на ДИК. Изборниот модел не е решен. Дијаспората како ќе гласа, не е решено. Сите сме дијаспората да гласа, но тоа мора да биде уставно. Гласот да вреди еднакво, или да има цензус, којшто ќе биде еднаков или приближен на бројот на гласови за еден пратеник во Македонија или гласовите, ако е една изборна единица, како што предложивме, да се земаат предвид дома, во таа една изборна единица. Постојат модалитети, но и ОБСЕ и ОДИХР укажуваат на неуставноста, односно на нееднаквоста на гласот дома и во дијаспората. Регулацијата и проверката на Избирачкиот список е важен момент. Знаеме дека треба да направиме нова регистрација, нов Избирачки список од почеток, преку регистрацијата на отисокот со прст што ќе ја дефинира целосната веродостојност и верувања во Избирачкиот список, не од Заев, од Груевски, од Ахмети, од Тачи – од граѓаните. Да знаат дека тој е Избирачкиот список на којшто сите му веруваме и тоа мора да го постигнеме. По темата којашто како точка се ослободи, Специјалното обвинителство, веднаш, се надевам уште на крајот на идната седмица, или после тоа, влегуваат медиумите. Прашање коешто мора да го решиме. Правосудството. Корективите во општеството како што се Антикорупциска комисија и другите корективи во општеството, мора да бидат тема. Јас уште еднаш напоменувам. Важно е кој ќе победи на изборите и важно е како ќе бидат спроведени тие избори. Но тоа не е најважно на светот. Најважни се овие месеци. Можеме да постигнеме квалитетни реформи каде што добитници и победници се сите. Сите. Не само опозицијата. Не само власта. Сите. Да добиеме независно правосудство. Да добиеме независни медиуми. Да добиеме обвинител кој ќе тргне по постапката, па дали се викал Заев или Груевски, или како сака нека му е името, сите граѓани да се еднакви пред судските инстанци. Тој што се огрешил да одговара. Овие се значајни чекори на конкретни реформи, коишто тригерот на политичката криза може да ги донесе и од коишто благодет ќе имаат Македонија и нејзините граѓани. Така да, претстои многу значаен период. Јас се надевам дека, еве и денеска продолжуваат од 15 часот работните групи, знам дека изборно законодавство е на дневен ред, ќе се прават храбри исчекори коишто се во полза на граѓаните и на државата.
Медиуми: Премеирот и господинот Ахмети вчера изјавија дека не се плашат од новата обвинителка. Дали може да се покрене, евентуално, процедура врз нив, од аферите коишто произлегоа од бомбите?
Заев: Доказите коишто се доставени во прилог, тоа се вкупно 27 кривични пријави, против високи носители на функции во државата, почнувајќи од Груевски па надолу, сите докази се телефонски разговори. Тие се де факто слушнат глас и индиции. Голем дел од овие докази, неопходно имаат потреба од детална истрага и посвететност во истрагата. Но за еден дел, треба мала истрага, за да се поткрепат со материјални докази и да падне обвинителен акт. Значи, јас не сум правник, но она што го знам од правниците, Космос падна и Космос е срушен, доказите за Космос во истрага лесно се обезбедуваат. Можеби во Белизе, за фирмата Сирах инженеринг, којашто купила парцели, а слушаме дека Груевски зборува за неговите парцели, треба време затоа што е меѓународен дел од истрагата, да се покаже кој е во суштина сопственикот на Сирах инженеринг, а видовме дека некој господин Никовски е управител. Тука треба истрага, но избирачкото законодавство, избирачкиот процес и злоупотреби што се случиле, лесно се докажливи. Не би сакал воопшто да влијаам на независниот јавен специјален обвинител кој е избран. Има одлична законска основа, име е зад коешто застануваат сите четири политички партии, меѓународната заедница дава поддршка и го потврди, и се надевам и граѓаните ќе застанат зад него како личност, јавен специјален обвинител, кога ќе ги видат неговите конкретни дејствија. Јас сум среќен заради тоа што, вака или онака, станува јасно дека Договорот од Пржино мора да се спроведе до крај и видовме и овој пат на вака сензитивно прашање, колку и да е тешко, Договорот мора да се спроведе.
Се надевам дека имаме поука, сите што учествуваме во преговорите, да не го правиме тоа во пет до дванаесет. Сега следува изборното законодавство, Избирачкиот список, медиумите, порано да се дефинираат работите за она за што се преговара, затоа што, повторувам, Договорот од Пржино мора да се спроведе до крај.
Медиуми: Може ли обвинителката која еве одбрана е и од Вас и од господинот Груевски да покрене процедури против Вас? Дали за случајот Пуч, дали за Прислушувањето?
Заев: Знаете дека предметот Пуч и 27-те пријави се обврска на истарга на специјалниот јавен обвинител и Обвинителството коешто се составува. Јас сум еднаков пред сите граѓани, ако има докази за кривично дело, јавно изјавувам дека немам никаков изговор да не ја понесам одговорноста како што треба да ја понесува секој граѓанин во Република Македонија, доколку се огрешил пред законот. Законот мора да важи за сите нас. Темата амнестија и аболиција беше на дневен ред во овие преговори пред 15 јули. Некаде март месец, април месец, таа беше целосно извадена од дневен ред. Ако има амнестија или аболиција за некој, тогаш Македонија ја пуштаме низ вода. Тоа не му е никому од корист. Ако некој се огрешил пред законот, без разлика дали се вика Груевски, Заев, Мијалков, не знам, кој било, треба да одговара до крај. Истовремено, знаете дека доказите коишто ќе ги доставиме до Обвинителството, се нова индиција или слушнат глас за отварање и на нови кривични постапки. Тука е и Заев со телефонските разговори, тука е и Груевски. Секој кој се огрешил по закон, а Специјалното јавно обвинителство потврди дека има индиции да отвори истрага и да обезбеди докази за оваа работа, треба почнувајќи од Заев и Груевски па натаму, да го гони секој.
Медиуми: Само уште едно прашање до господинот од Еснаф, случајно ли се погоди денеска да имате средби и со власта и со опозицијата?
Мухедин Брава (Претседател на Здружение Еснаф):
Таа беше случајна. Беше закажана пред време, но ништо не ни пречеше и средбата со власта и со опозицијата.
Медиуми: Помалите политички партии бараа специјалниот јавен обвинител да решава за Монструм, за Маџар Телеком, за Куманово. Дали постојат услови да се прошират…?
Брава: Законот е јасен, имав навистина прекрасен тим од наша страна којшто работеше на законското решение, секако заедно со претставниците на другите политички партии. Но она што го знам таму е јасно прецизирано – `се што е поврзано и произлегува од неовластеното и незаконското прислушување, од содржината на неовластеното и незаконското прислушување. Ако има телефонски разговори, за Монструм, а за тоа има, јас објавив, е основ да биде работа на специјалниот јавен обвинител. Ако покрај материјалните докази за Телеком, постојат и телефонски разговори, веќе станува предмет за работа на специјалниот јавен обвинител. Тоа оставам специјалниот јавен обвинител да го утврди, затоа што, нели, меѓу другите обврски коишто се превземени, наша обврска е материјалите да ги предадеме на специјалниот јавен обвинител.


