(ВИДЕО) Заев во Кукуречани: Никогаш повторно да не се случат вакви кражби, арамилоци, глупости…

од desk3
87 прегледи

 

Заедно ќе ги менуваме работите. Секој вистински земјоделец ќе добива субвенции навремено и тогаш кога му се најпотребни. Субвенциите ќе ги зголемиме на 160 милиони евра годишно. Но, сите знаете дека субвенциите не го решаваат проблемот. Затоа имаме мерки со коишто ќе обезбедиме сигурен пласман на земјодлеските производи и достоинствени цени. Субвенциите за тутунот ќе останат но за прва клса ќе има уште 1 евро по килограм субвенција, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев, пред жителите на Кукуречани.

-во-Кукуречани-Заедно-со-вас-ќе-го-вратиме-достоинството-на-Македонија

„Чекор по чекор, Македонија ќе ја направиме подобро место за живеење, гордост на секој граѓанин. Македонија е наша татковина и заедно ќе се избориме да биде слободна земја со среќни граѓани. Достоинствени граѓани за достоинствена Македонија. Поддршка од вас, граѓаните ги најавуваат промените. Прочистувањето на избирачкиот список и слободата на медиумите се главните услови за фер избори и тоа мора да се обезбеди. Само на фер избори граѓаните можат слободно да ја изразат својата волја за промени. Нови изборни манипулации нема да дозволиме, затоа ја баравме техничката влада.“, рече Заев.