50 годишно женско лице е жртва на синоќешната сообраќајка која се случи на улицата Васил Ѓоргов во скопски Капиштец. Таа починала веднаш од ударот а возачот е тешко повреден.
Жената е прегазена од автомобил „опел корса“ , со скопски регистарски таблички, што со голема брзина се движел по улицата од Козле во правец на центарот на градот. Тој ја собрал жената од тротоарот, која била пред пешачки и се подготвувала да помине , а потоа автомобилот продолжил да „лета“ и влетал и искршил излог на дуќан во соседна зграда на хотелот „Квин“ . Жената од ударот починала на самото место, а возачот со тешки повреди е префлен во болница. Полицијата до доцна во ночта вршеше увид на местото на настанот, а сообраќајот беше пренасочени по околните улици.
Либертас
