(ВИДЕО) Започна процедурата за Законот за СЈО

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Уставниот суд  ќе се произјасни за поднесената иницијатива за оценување на уставноста на Законот за Специјално јавно обвинителство.

ustaven-jule

По 8 месеци чување во фиока предметот веќе е доделен кај судија известител. Можно е да се најде на дневен ред на седницата закажана за среда, информира Телма.

Познавачите на оваа материја сметаат дека судот нема да донесе одлука со која ќе се укине СЈО поради фактот што тоа произлегува од Договорот од Пржино кој беше постигнат со консензус и на  кој  потпис ставија  лидерите на четирите политички партии, ВМРО- ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА.

Од СЈО велат дека нема основа Законот да се прогласи за неуставен.

– Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од соржината на незаконското следење на комуникациите постапува согласно Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и сметаме дека нашето постапување е во согласност со Уставот на Република Македонија, меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот и законите во Република Македонија.

СДСМ го повика Уставниот суд да престане да ги држи во заложништво судството и владеењето на правото бидејќи само на тој начин Договорот од Пржино може да преживее. Во спротивно политичката криза дополнително ќе се влоши.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини