(ВИДЕО) Запознајте го сирискиот бербер Хади кој бесплатно ги пострижува мигрантите во Идомени

од desk3
108 прегледи

Сирискиот бегалец и бербер Фадил потстрижува бесплатно на пунктот Идомени на грчко-македонската граница.

Сириецот објаснува дека е преполно и дека нема доволно вода за да се капат луѓето, затоа тој нуди потстрижување. Услугата е бесплатна, а ако му понудат, Фадил прифаќа кој колку даде, за да има за пат кон Германија.

Greece-Meet-Fadi-the-Syrian-refugee-offering-free-haircuts-in-Idomeni

Повеќе од 13 000 мигранти се натрупале на пунктот Идомени, а македонските власти пуштаат само дел да ја преминат границата.
Во моментов луѓето во кампот на пунктот го надминуваат за седум пати максималниот капацитет, а секојдневно доаѓаат уште мигранти.

Бегалците очајно чекаат со денови да ја преминат границата. Според податоците на ОН во Грција има околу 35 000 бегалци и мигранти.