Затворањето на бегалските кампови во близина на македонскo-грчката граница и смирувањето на мигрантската криза, позитивно ќе се одрази на одлуката на туристите од Холандија да ја посетат Македонија, смета топ менаџментот на најголемиот холандски оператотр ТУИ, од каде изразуваат надеж дека ќе дојде до стабилизација и на политичката криза, која исто така влијае на туризмот, информира Телма.
Генералниот менаџер на компанијата за Холандија, Аријан Керс, кој деновиве во Охрид оствари средба со претставници на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, најави засилување на рекламната кампања за Македонија во Холандија, но и дипломатски активности за да им се претстави реалната состојба во земјата на потенцијалните туристи.
-Ќе го информираме нашето министертво за надворешни работи дека нашите искуства во Македонија како туристичка дестинација во моментов се фантастични, не гледаме проблеми кои не загрижуваат и сметам дека е добро што сега сме тука и можеме да дадеме ваква изјава. – изјави Аријан Керс генерален менаџер ТУИ Холандија.
Иако во првиот квартал бележат намалување на продажбата на аранжмани за Македонија, во ТУИ се оптимисти дека состојбата ќе се подобри, а бројките ќе растат, бидејќи земјата има голем потенцијал, за кој туристите недоволно се запознаени.
Целиот текст можете да го прочитате тука