ВИДЕО: Зеленски го посети потопениот Херсон

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека го посетил поплавениот јужен регион Херсон и разговарал за ситуацијата по уништувањето на браната Каховка.

Зеленски на Телеграм напиша дека разговарал со властите за евакуација на населението од потенцијалните поплавени подрачја, за санирање на последиците предизвикани од експлозијата на браната, како и за организирање на животот и поддршка на поплавените подрачја, пренесе „Ројтерс“.

Зеленски изјави дека разговарале и за обновувањето на екосистемот во регионот и оперативната воена состојба по катастрофата предизвикана од уривањето на браната Каховка.

Украинскиот претседател објави и видеа од неговата посета на Херсон.

Во посебна објава, придружена и со видео, Зеленски изјави дека го посетил и патниот премин преку кој се евакуира населението.

„Важно е да се пресмета штетата и да се издвојат средства за обештетување на жителите и стопанствениците погодени од катастрофата“, рече Зеленски.

Слични содржини