Најмалку 13 лица ги загубија животите, а повеќе од 90 се повредени во земјотресот со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала во Авганистан и Пакистан, соопштија денеска владини претставници.
Најмалку девет лица загинаа, а 44 лица се повредени во северозападен Пакистан, изјави претставник на пакистанската влада, додека најмалку четири лица загинаа во земјотрес во Авганистан, а 50 лица се повредени, пренесе „Ројтерс“.
Earthquake in Pakistan. May Allah keep everyone Safe 🤲 pic.twitter.com/INRdqr0rC2
— Allah Islam Quran (@AllahGreatQuran) March 21, 2023
Во двете земји беа оштетени куќи и згради. Земјотресот е почувствуван во опсег од повеќе од 1.000 километри, во област каде живеат околу 285 милиони луѓе во Пакистан, Индија, Узбекистан, Таџикистан, Казахстан, Киргистан, Авганистан и Туркменистан, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Епицентарот бил во планините Хинду Куш, во ретко населената североисточна авганистанска провинција Бадакшан, на длабочина од 187 километри, соопшти американската геолошка служба УГС.
Peshawar, Pakistan: A local Pashto TV channel Mahshriq TV anchor during the #earthquake, kept calm and continued with his anchoring. pic.twitter.com/rnwXvmMOdp
— Megh Updates 🚨™ (@MeghUpdates) March 21, 2023