(ВИДЕО) Жена напаѓа маж бидејќи тепа магаре

од Milan1
40 прегледи

Жeна која беше снимена како удира маж затоа што тепа магаре во Египет е уапсена откако инцидентот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, пишува „Телеграф“.

Холанѓанката Џок ван дер Пост, која живее во Египет, е снимена како трча кон маж кој тепа магаре, удирајќи го неколку пати, а потоа со камшик во рака го брка по калливиот пат.

„Можеби ќе завршам во затвор или ќе бидам депортирана, но вредеше“, коментира таа. Непосредно пред да се појави во кадарот, на видеото се гледаше магарето како скока од болка додека неговиот сопственик го камшикува во близина на Каиро. Кога го видела тоа, Ван дер Пост истрчала кон човекот и го турнала до ѕидот. „Мислиш дека ова е нормално?, извика таа.

„Вредеше“

Сопственичката на ветеринарната клиника „Good Karma Sanctuary“ во Каиро потоа го зела камшикот од друг човек и продолжила да го брка по улицата. Полицијата набрзо ја приведе Џок ван дер Пост, но подоцна ја ослободи. Според соопштението на египетското МВР, приведен е и мажот кој претепал магаре. Тој поднел жалба против Ван дер Пост, обвинувајќи ја за психолошка болка.

Во интервју за египетскиот медиум „НОС“, Ван дер Пост изјави дека злоставувањето на животните е честа појава во Каиро и дека веќе неколку години живее во Египет со својот сопруг Египќанец.

„Кога му викнав на тој човек да престане, тој ме нарече к…. и почна уште посилно да го тепа магарето“, рече таа. Свесна е, вели, дека поради овој инцидент може да заврши во затвор или да биде депортирана од државата. „Можам да добијам шест месеци, можеби една година затвор или дури и депортација. Но, ако тоа значи дека нешто конечно ќе се промени, вредеше“, вели таа.

„Да не е залудно!

Нејзината ветеринарна клиника е специјализирана за нега на коњи, магариња и мазги и често лекува рани и кожни болести. Ван дер Пост е познат поборник за правата на животните и претходно јавно се изјасни против злоупотребата на животните во Египет.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Good Karma Sanctuary / pferdehilfe Kairo eV (@goodkarmasanctuary)

“>

Слични содржини