40
Видео од протестите во Германија стана вирално на „X“. Имено, во Франкфурт луѓето биле собрани, а за време на 15-минутниот молк за жртвите во Нови Сад, извесна жена поминала на велосипед токму покрај демонстрантите. Гласно викала „Да живее Вучиќ“ додека се обидувала да ја прекине тишината, а само по неколку метри паднала од велосипедот.
Многу луѓе почнале да ракоплескаат и да се смеат, а жената потоа станала и продолжила понатаму. „Кармата деновиве работи со полна брзина“, „Па ова е хитот на денот“, се само дел од коментарите.