Албанскиот премиер Еди Рама вербално се судри со рускиот амбасадор, на кого му пречеше тоа што украинскиот претседател Володимир Зеленски беше првиот говорник на седницата на Советот за безбедност на ОН.
„Сакаме да ве прашаме – на која основа одлучивте да му дадете право на претседателот на Украина Володимир Зеленски да зборува пред членовите на Советот за безбедност да ги изнесат своите ставови, имајќи предвид дека многу од нив ги претставуваат своите земји овде на највисоко политичко ниво“, праша рускиот амбасадор во ОН Василиј Небензја.
Албанскиот премиер Еди Рама, чија земја го презеде претседавањето со Советот за безбедност во септември и кој затоа претседаваше со седницата, објасни дека темата била војната во Украина и дека правилата на Советот за безбедност се засновани на тој критериум.
The moment Russia attempted to block President Zekensky’s speech.
The Russian, Nebenzya, threw a real hysteria. He appealed to Albanian Prime Minister Edi Rama, who was chairing the meeting, but did not listen to his arguments and interrupted the Albanian’s words four times.… pic.twitter.com/RzG4SGQB00
— Yasmina (@yasminalombaert) September 20, 2023
Во исто време, Рама му претстави предлог на рускиот амбасадор.
„Морам да напоменам дека е импресивно кога целата оваа приказна за кршење на правилата во оваа институција доаѓа од вас. Меѓутоа, ако сте толку упорни за ова прашање, имам решение за вас, ако се согласувате. Запрете ја војната, а претседателот Зеленски нема да мора да зборува. Она што го прави овде е важно и причината зошто решивме прво да го слушнеме, а потоа да разговараме, тоа вие самите го заработивте со вашите постапки, а не ние“, одговори Еди Рама.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на албанскиот премиер за неговиот потег.
„Почитуван Еди Рама, денеска на состанокот на Советот за безбедност на ОН му покажавте на светот како треба да се справи со Русија, нејзините лаги и лицемерен пристап. Ви благодарам што на ваков принципиелен начин претседававте со овој состанок“, напиша Зеленски на Твитер.
Dear @EdiRamaal, today at the UNSC you showed the world how to correctly handle Russia, its lies, and its hypocrisy. I thank you for steering the Presidency in such a principled manner. pic.twitter.com/0wKca8xZon
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 20, 2023