233
Повеќе американски дипломати, меѓу кои и заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан Габриел Ескобар и амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер, денеска преку видео-порака упатија честитка по повод Денот на македонскиот јазик – 5 Мај.
Агелер и Ескобар зборуваа на македонски јазик, а дел од другите дипломати и волонтери на Мировниот корпус на САД искажаа повеќе македонски народни поговорки.
„Без мака нема наука“, „Кој рано рани, две среќи граби“, „Без мака нема наука“, „Џабе не седи, џабе не работи“, се само дел од поговорките кои ги изјавија американските државјани.