(Видео)Авторите на „Слатки мали лажливки“ најавија нова серија

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Кога ќе се спои приказната од популарна тинејџерска книга, актерката Бела Торн и Мерлин Кинг, жената која стои зад телевизиската серија „Слатки мали лажливки“, сигурно ќе се добие нов хит серијал.images (6)

Како што јавија американските таблиди, станува збор за серијата „Famous in love“, креирана според истоимената книга на Ребека Серл, во која главната улога ќе ја толкува убавата црвенокоса актерка Бела Торн, позната како девојка на Грег Салкин.

Бела во серијата ќе игра студентка која сонува да стане актерка, а кога конечно добива улога во една серија и ќе се пресели во Холивуд, животот ќе и се проемни од корен.

Главната јунакиња се вљубува во партнерот од сетот и тука настанува вистински заплет, а нејзините пријатели почнуваат да се прашуваат дали ќе остане девојката која ја сакат или ќе се претвори во недопирлива ѕвезда..