(ВИДЕО)”Бомба 37″: Груевски со години прислушувал граѓански организации

од desk3
106 прегледи

Првиот опозиционер Заев на прес конфренција денеска изјави дека во Македонија со години под палката на Мијалков и на Груевски биле прислушувани 10 активни граѓански организации.

Меѓу нив се „НВО“, „Хелсиншки“, „Транспарентост“, Отворено општество-Сорос“, „Цивил“, „Платформата за граѓанска политика“, „Ајде“, „Македонски центар за европско општество“, „Метаморфозис“.

Тој истакна дека тоа се организации за кои има комплетирано материјали, но оти нивниот број е многу поголем ако се има предвид дека дел од нив се прислушувани индиректно. Заев рече дека со комплетирањето на материјалите за нови организации, тие ќе ги информираат и ќе ги повикаат да си ги подигнат во седиштето на СДСМ.

Преку следењето и прислушувањето на еден од најчувствителните сектори, граѓанскиот, Груевски ги загрозува основните граѓански и човекови права, додаде тој. Со следење на сите оние што се критички настроени спрема владата, Груевски и неговите помошници го држеле под контрола општеството и ја обезбедувале моќта и власта. Никакви реформи не го одржале Груевски на власт, тој ја обезбедил власта со незапамтениот во светски рамки, огромен скандал со прислушувањето, нагласи Заев на денешната прес конференција.