(ВИДЕО)Чиј машки глас ѝ нареди на Захарова да не зборува за балистичката ракета?

од Nikola Popovski
293 прегледи

На портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, за време на прес-конференција ѝ било кажано да не зборува за нападот на областа околу Дњепар и користењето на наводна интерконтинентална балистичка ракета.

Невообичаено отстапување од вообичаениот формат на прес-конференциите со новинари се случи кога Захарова доби телефонски повик додека одговараше на прашања на редовен брифинг.

За време на тој повик, се слушнал машки глас кој ѝ рекол да не зборува за „големиот напад врз Украина“, пренесува Си-Ен-Ен.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина, Георгиј Тихи, денеска изјави дека Киев ги чека заклучоците на експертите за типот на проектилот што го погоди Днепар во текот на ноќта, но самиот удар докажува дека Русија прави максимални напори да ја прошири војната.

„Ги очекуваме анализите на експертите за да се утврди точниот тип на новата ракета што Русија утрово ја истрела над Украина, а која ги имаше сите карактеристики на интерконтиненталната балистичка ракета. Самиот удар докажува дека Русија не бара мир. Напротив, прави максимални напори да ја прошири војната“, наведе тој на социјалната мрежа Х.

Слични содржини