(ВИДЕО/ФОТО) Денеска последен ден од ултиматумот на “Шарена Револција”, следи земање на правдата во свои раце

од desk3
149 прегледи

Активистите на „Шарената револуција“ синоќа пред просториите на Специјалното јавно обвинителство со исцртување на римскиот број еден составен од луѓе и факели го испишаа последниот број од крајниот рок кој го дадоа за исполнување на нивните барања.

 

Граѓаните наредени во три реда синхронизирано ги запалија факели и запеаја „Шутка не ти бега Никола“.

Како што рекоа од „Шарената револуција“, оваа бројка е најголемата испишана бројка досега, а со запалените факели направија да биде видлива дури и од Водно.

 sharena-1-860x680

Додека граѓаните и  активистите се оргнизираа како да се постават и како да ракуваат со пиротехниката, се појави неидентификуван маж во цивилна облека кој се обиде да ги сними.

Граѓаните и активистите веднаш го забележаа и се пуштија по него викајќи „кој си ти, зошто снимаш“. Лицето веднаш побегна а граѓаните се вратија да се доорганизираат.

Пред почетокот на герила-акцијата, околу 20 часот, на истата локација, герила-акција имале и противниците на „Шарената револуција“ кои фрлија летоци во форма на пари со ликот на „платеници“ и огласи од познати професори кои земаат мито.

Слични содржини