За последен пат пејачот Принс ја запеа култната песна “Пурпурен дожд” на концерт во Атланта. Ова исполнување се покажа како неговото простување со публиката.
Денес на социјалните мрежи со тага се шири изведбата на ѕвездата.
https://youtu.be/4WOC3eXDrKo
Принс ја пеел “Purple rain”, свирејќи на пијано на средината од сцената. Публиката пеела со него. Џејк Рјус кој го поставил видеото, изјавил дека телефоните биле забранети за време на концертот, но тој ги прекршил правилата и го вклучил својот. “Не можев да се воздржам. Ова е последното исполнување на “пурпурен дожд”, напишал тој на Твитер.
Зградите ширум светот беа осветени во виолетова боја за музиката што ја остави незаборавниот изведувач. Меѓу нив Градскиот совет во Лос Анџелес, Ајфеловата кула во Париз, “Супердом” во Њу Орлеанс, стадионот во Минеаполис, облакодер во Чикаго, во Далас, итн.




