Единиците за брзо распоредување вечерва ги затворија сите приоди кон Министерството за финасии за да ги спречи демонстрантите од „Шарена револуција“ да стигнат пред објектот револтирани од новото задолжување. Сепак кога се мислеше дека протестот заврши, една група граѓани се проби покрај полицијата и успеа да стигне до зградата врз која фрлија и боја.
Демонстрантите ја пејат македонската химна пред министерството за финансии #протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/gh1OQDHld7
— META.mk (@meta_agency) July 11, 2016
Демонстрантите прво се обидоа да дојдат до преку улицата „Македонија“, но наидоа на кордон од полиција која со една борна кола и воден топ ја блокираа улицата.
Демонстрантите се обидуваат да го пробијат кордонот на полицијата #протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/2Eff9xdAp7
— META.mk (@meta_agency) July 11, 2016
Сите приоди кон министерството за финансии се блокирани од полиција #протестирам #ШаренаРеволуција pic.twitter.com/itvsEMqM7h
— META.mk (@meta_agency) July 11, 2016
Од тука групата влезе во паркот помеѓу зградите каде повторно наиде на силна полициска блокада во еден од премините кој води директно до Министерството за финансии.
Тука во неколку наврати дојде до туркање меѓу полицијата и демонстрантите кои извикуваа: „Полициска држава“, „Нема правда нема мир“, „Убијци“ и „Срамота“.
Откако не успаеја да го пробијат кордонот, граѓаните, преку процепот меѓу блокот згради, со чатали се обидоа да дофрлат со боја до зградата на Министерството.
Протестот почна пред Специјалното јавно обвинителство во 19 часот, под мотото „1.1 милијарда причини за крај“ и заврши мирно пред Министерството за финансии.