Деновиве на социјалните мрежи кружи несекојдневен апел, придружен со снимка од грабеж извршен, очигледно, од луѓе од Балканот, барем така смета холандската полиција.
Станува збор за снимка од грабеж од јуни 2022 година, кога група разбојници, од кои некои биле вооружени со автоматско оружје, упаднале на меѓународниот саем за уметност „TEFAF“ во Мастрихт, а постои сомнеж дека крадците се кријат во Ниш и во Белград.
Апелот на холандската полиција, кој е објавен на српски јазик, гласи вака:
-На саемот TEFAF во Мастрихт (Холандија), на 28 јуни 2022 година, беше украден накит вреден десетици милиони долари. Потрагата по осомничените се уште е во полн ек. Холандската полиција сè уште ја бара вашата помош“, се вели во описот на видеото.
Она што се гледа во споменатиот грабеж навистина наликува на акција на добро обучена екипа, како озлогласените „Пинк Пантери“, што веројатно го сврте вниманието на холандската полиција кон Србија и на Балканот.
Во апелот на полицијата понатаму се вели следното: „Можно е осомничените да се кријат во Ниш или во Белград и неговата околина“. Дали имате повеќе информации? Контактирајте со холандската полиција. Објавена е награда од 20.000 евра за информација која ќе доведе до откривање на сторителите на грабежот, стои во барањето на холандската полиција.
View this post on Instagram
На видеото се гледа како група млади луѓе, облечени како да се од популарната серија „Picky Blinders“, влегуваат еден по еден во просторија полна со скапоцени артефакти во стаклени излози.
Во текот на истрагата, која се уште трае, во поток во Белгија, во ноември годинава, полицијата пронашла оружје за кое се претпоставува дека им припаѓало на напаѓачите и било употребено при грабежот.