(ВИДЕО)Како „конвојот на смртта“ од Загреб стигнал до Атина: Не патувале преку Македонија

од Nikola Popovski
449 прегледи

УЕФА ги забрани гостинските навивачи во двомечот од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу АЕК и Динамо Загреб, но хулиганите од Хрватска сепак се најдоа во Атина.

Тие не се упатиле преку организиран автобусски превоз, туку самите и пристигнале со приватни автомобили кои биле снимени на автопат.

Според информациите, околу 200 членови на „Бед блу бојси“ се упатиле во конвој, но не поминале низ Македонија, туку низ Албанија за да ја измамат грчката полиција.

Се преправале дека се туристи и пристигнале во главниот град на Грција по пат од 1.400 километри, иако попатно биле забележани од обичните граѓани. Биле снимени, нарекувајќи ги „конвојот на смртта“, а во Атина се појавиле кога првпат ги пречекала полицијата.

Сепак успеале да ја избегнат полициската придружба, упатувајќи се во различни правци. Се собрале на едно од метро станиците во градот, а потоа заедно со фанови на Панатинаикос стигнаа до Неа Филаделфија каде што се наоѓа стадионот на АЕК.

Епилогот од судирите е 29-годишен навивач на АЕК кој им подлегнал на повредите по повеќе убоди, а 12-годишно девојче е хоспитализирано откако било погодено со камен во главата.

Грчка „Протема“ наведува дека уште 10 лица се хоспитализирани со тешки физички повреди, а лекарска помош добиле и 30 лица со полесни повреди.

Слични содржини