Претседателот на Владата на Репубика Северна Македонија, Димитар Ковачевски по завршувањето на работните сесии од Самитот на лидери на Берлински процес, во изјава за медиумите говореше за важноста на двете работни сесии во рамки на Самитот како и за недвосмислената поддршка на лидерите на членките на Унијата за евроинтеграција на регионот на Западен Балкан.
„Регионалната соработка, преку платформи како што е Берлинскиот процес е клучна за да се оствари целиот потенцијал кој го поседува регонот. Тука секако зборувам и за мобилноста и признавањето квалификации, зборувам и за Заедничкиот регионален Пазар, чиишто и претставникот на ЦЕФТА и на РСС и на РИКО, сите беа присутни на самиот состанок за што можевте да се уверите, како и претставници на ЕБОР, СБ, на ОЕЦД.
Ги поздравивме и имплементациите на активностите кои претходно беа договорени и потпишани, на пример бесплатниот роаминг за земјите од Западен Балкан, меѓутоа и драматичното намалување на трошоците со ЕУ, којшто договор беше потпишан на претходниот состанок и тоа меѓу земјите од Западен Балкан, Европската Комисија и 38 телекомуникациски оператори кои оперираат на овој простор и секако дека претставува големо олеснување за граѓаните.
Тоа се конкретни придобивки од ваква регионална соработка. Берлинскиот процес ќе продолжи да го подигнува на нивото на политичка соработка, за нас претставувајќи многу значаен елемент на патот кон евроинтеграциите и пристапниот процес“, смета премиерот.
„На Северна Македонија заклучок е дека ѝ е потребна интеграција, на регионот му е потребна интеграција, не изолација и за тоа се сложивме со сите соговорници со кои денес имавме состаноци а секако тоа е и еден од заклучоците на Самитот на Берлинскиот процес тука во Тирана“, порача Ковачевски.