Владимир Лазаревиќ, поранешен заменик-министер за здравство во првата влада на Никола Груевски, гостуваше на државната бугарска телевизија БНТ.
Како што беше најавен, тој е еден од членовите на модерната Амстердамска тројка заедно со Никола Димитров и Перо Димшовски, која е силно опозициско јадро во Македонија, обединети од иста идеја – да побараат политичка одговорност лично од Никола Груевски, како и од владата, раководено од него.
– Ние сакаме политичка одговорност, опозицијата во лицето на СДСМ ја обвинува власта дека прислушувала 20.000 луѓе за период од 4 години, што е исклучително голем скандал и е срам за Македонија – истакна Владимир Лазаревиќ и појасни дека тоа не е докажано, но никој не спори дека прислушување е факт.
Лазаревиќ рече дека повеќето медиумите во Македонија се под полициска и партиска контрола и мал е бројот на слободни медиуми.
– Во Македонија има две приватни телевизии, каде што може да се чуе критична мисла, но тоа е малку за да може народот да сфати за што станува збор. А прашањето е многу сериозно, сакаме Никола Груевски лично да ја понесе одговорноста за ризикот во кој ја става земјата – рече Лазаревиќ.
Тој истакна дека во моментов Македонија се наоѓа во сеопфатна изолација од ЕУ и НАТО и политиката која Груевски ја спроведува во изминатите 9 години, особено последните 7 е спротивна на идеите, поради кои дојде на власт.
Разговорот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
