(ВИДЕО)Mајката на џихад Џуниор пазарува во продавница со калашникoв

од Vladimir Zorba
112 прегледи

Дедото на момченцето го препозна, ја плукнал ќерка си дека ги посрамотила

калассМајката на 6-годишниот Иса, кој беше наречен џихад Џуниор, откако беше прикажан во клип со егзекуции на “Исламска држава”, беше главен  актер во филм за жените, кои одбрале да заминат и да се борат во Сирија. Во него Грејс “Хадиџа” Дер е прикажана како оди до продавница, вооружена со автомат “Калашников” и обвиткана од глава до пети, соопштува британскиот весник “Експрес”.

Како што веќе соопштивме  Грејс е израсната во јужен Лондон, но решила да го прифати исламот во тинејџерските години. Се омажила за џихадист од Шведска Абу Бакр. Покрај Иса, таа има и помал син, кој е на 2-3 годинка.Филмот, кој е снимен пред 2 години и  стана актуелен, откако стана јасно дека Грејс дозволила нејзиниот син да биде искористен во клип на ” Исламска држава “од пред неколку дена, во кој се егзекутирани петмина Британци. Во него момченцето, го добило прекарот џихад Џуниор, и вели: “Ќе го убиеме сите неверници”.

Во филмот невестата-џихад изјавува: “Не сум потисната. Ако бев потисната, сега немаше да сум муслиманка. Акого сметав исламот за угнетувачка религија, јас би го напуштила. Исламот ме направи слободна “. Дер е снимена како заедно совојата  соседка пазарува во продавница во Алепо. Двете одат таму целосно прекриени со автомати на рамо. Во друг момент таа дискутира со сопругот џихадист чие оружје е подобро. Додека Дер вели дека “Калашников” е удобен за носење во продавницата, Бакр вели дека подобро и е  со сопствената пушка. Бакр загинал во борбите во редовите на “Исламска држава”.

Во меѓувреме дедото на Иса – Британецот Хенри Дер, изјави за медиумите дека го препознал неговиот внук. “Тоа е внук ми. Не можам да се одречам од него. Тоа е внук ми, го познавам многу добро “, изјави Хенри, кој е татко на Грејс. Дер објаснува дека разговарал по телефон со својот внук, кој не го сакал местото каде живее. “Тој не разбира ништо, тој е мало момче, тие едноставно го користат како штит”, рече тој. Дер одбивал да зборува со својата ќерка, бидејќи “таа го деградира нашето семејство и себе”. Грејс е од нигериски потекло, а нејзините  родители се христијани. Таа пораснала во религиозно семејство