(ВИДЕО)Мистерија: Војска пренесува НЛО до топ-тајна база во САД

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Двајца шокиран очевидци  снимиле видео како мистериозна чинија  НЛО се транспортира по пат близу до американска база, позната како Зона 51, пишува “Дејли мирор”.

нло

Видеото  било гледано над 229 000 пати. На него се гледа како камион со приколка  превезува нешто како летечка чинија, поминува ноќе покрај бензинска пумпа во државата Невада, придружуван од полициски автомобили. Според операторот видеото е снимено во 2013 година во близина на Зона 51. Тоа е топ-тајна воен полигон на околу 90 милји од Лас Вегас. Главните активности во основа се дизајнирање и развој на нови летала, пробни летови со нив, како и истражување на странски авиони, хеликоптери и оружја. Поради тоа се верува дека таму се истражуваат и пронајдените на територијата на САД неидентификувани летечки објекти, како и остатоците од нивните екипажи. Спотот веќе привлече многу коментари, и гледачите даваат своите мислења во врска со карактерот на чудната структура. Според некои тоа би требало да биде вонземјанин вселенски брод. Еден коментатор истакнува дека операцијата е многу сомнителна, бидејќи според американските закони таквите  товари треба да сепревезуваат  само дење.